Американските специјалци, кои исчезнаа во Аденскиот залив, прогласени за мртви

од Stefanija Kuzmanovska
268 прегледи

Двајцата американски специјалци, припадници на Navy SEAL, кои исчезнаа во Аденскиот залив претходно овој месец се прогласени за мртви, изјави во неделата неименуван американски воен претставник.

Тие биле пријавени за исчезнати откако се качиле на ирански брод за време на операција на 11 јануари во близина на брегот на Сомалија, се вели во соопштението на Централната команда на американската војска објавена на платформата X.

„Жалиме за загубата на нашите двајца маринци и засекогаш ќе ја почитуваме нивната жртва и пример. Нашите молитви се со семејствата, нивните пријатели во морнарицата, целата американска морнарица и заедницата за специјални операции“, наведе командантот на CENTCOM, генералот Мајкл Ерик Курила.

На 12 јануари, САД и Велика Британија започнаа да изведуваат напади врз позициите на проиранската јеменска бунтовничка група Хути, како и да соборуваат беспилотни летала и проектили истрелани од бунтовничкото движење врз трговски бродови во Црвеното Море, како поддршка на палестинското движење Хамас во војната со Израел.

Слични содржини