Американските власти ја казнија „Луфтханза“ поради дискриминација на Евреите

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Властите во САД ја казниле германската Луфтханза со четири милиони долари, што е највисока можна казна од ваков вид. Причината: за време на пандемијата, компанијата одби да превезува патници бидејќи не носеле заштитни маски.

Спорниот лет, за кој германската авиокомпанија „Луфтханза“ сега треба да им плати на американските власти рекордна казна од четири милиони долари, се случи во време кога беа на сила мерките против пандемијата на коронавирусот. Група патници, сите членови на православната еврејска заедница, отпатуваа во 2022 година од Њујорк на комеморација во Будимпешта со попатна станица во Франкфурт.

По пристигнувањето во Франкфурт, персоналот на Луфтханза и забрани на групата од 128 патници да продолжи, бидејќи некои од нив не сакаа да носат заштитни маски, како што налагаше тогашниот закон. Но, наместо да се забрани продолжување на патувањето само на оние кои не сакаат да носат маски, персоналот на „Луфтханза“ го забрани влегувањето во авионот за Будимпешта на целата група патници, препознатливи по изгледот, на пример по типичната наметка.

„Не ни беше дозволено да се качиме само затоа што сме Евреи, не затоа што не сакавме да носиме маски“, рече еден од засегнатите патници за германската јавна телевизија ХР во тоа време. Тој, како и другите патници, беше принуден да лета во Будимпешта со друга компанија и пристигнал со седум часа задоцнување.

„Луфтханза“ веднаш и се извини на еврејската заедница во Берлин. Сепак, засегнатите рекоа дека не го прифаќаат извинувањето на „Луфтханза“, бидејќи тоа е „резултат на притисок“. Засегнатиот патник се пожалил дека „секогаш носел маска“, но, и покрај тоа, и само затоа што бил Евреин, бил третиран како некои што одбиле да носат заштитни маски. За време на инцидентот на аеродромот во Франкфурт била присутна и германската федерална полиција која ги обезбедувала сообраќајните клучки, но не интервенирала.

Слични содржини