Американското биолошко оружје – закана за Русија

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

САД развиваат индивидуални планови за биолошки истражувања во многу земји, изјави за „Спутник“ првиот заменик-секретар на Советот за безбедност на Русија, Јуриј Аверијанов.

„Во последниве години, САД и нивните сојузници во НАТО значително ги активираа биолошките истражувања во многу земји во светот. Соединетите држави развиваат индивидуални работни планови за секоја земја, почнувајќи од потребата за национални биолошки програми, пред се за воените“, објасни Аверијанов.

Според него, оваа активност се „реализира со строго наметнување“ на програмата „Глобално партнерство за неширење на оружјето за масовно уништување“, билатералните програми „Заеднички биолошки обврски“ и „Заедничко намалување на заканите“.

Аверијанов истакна дека е загрижен за приближувањето на американските воени биолози кон границите на Русија, затоа што смртоносните микроби создадени во тие лаборатории може, како случајно, да стигнат до природата и да доведат до масовно уништување на луѓето како на руска територија, така и во соседните земји.

Во април, секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, изјави за весникот „Комерсант“ дека се повеќе биолошки лаборатории под американска контрола никнуваат со голема брзина во светот, особено на границите на Русија и Кина. Според него, постојат добри причини да се претпостави дека таму се развива биолошко оружје.

Слични содржини