Американците го убиле лидерот на Исламска држава во Сирија

од Nikola Popovski
221 прегледи

Еден од водачите на Исламската држава во Сирија, Махер ал Агал е убиен во американски воздушен напад, соопшти американската војска.

Според портпаролот на американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) Махер ал Агал бил еден од четирите најголеми водачи на ИСИС.

Мета бил и заменикот на Ал Агал, но се уште не е познато дали тој бил убиен или повреден во нападот.

„Оваа операција беше опширно планирана за да се обезбеди нејзино успешно извршување. Првичната ревизија покажува дека нема цивилни жртви“, се додава во соопштението.

Убиството е уште еден удар за милитантната исламистичка група, која се обидува да се реорганизира откако изгуби контрола врз голем дел од територијата.

Највисокиот лидер на Исламската држава се разнесе за време на американски воен напад во Сирија во февруари оваа година.

Слични содржини