“Амнести интернешенел”: 2014 беше катастрофална

од Vladimir Zorba
87 прегледи

2014 година била “катастрофална” за цивилните жртви во конфликтите,  вели организацијата “Амнести интернешенел” во својот годишен извештај и ja определува реакцијата на меѓународната заедница против насилството како “скандалозна и неефикасна”, пренесе AFP. 

amnesty

Во оваа “крајно” заситена со конфликти година “милиони цивили” биле убиени, а 15 милиони луѓе биле иселени што “веројатно претставува најголемиот број бегалци по  Втората светска војна”, изјави генералниот секретар на организацијата за време на прес-конференција во Лондон. Извештајот, кој смета на почитувањето на човековите права во 160 земји, забележува дека во 35 од нив вооружени групи извршиле егзекуции   .