10
Во извештајот објавен денеска, невладината организација Амнести Интернешнл го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Газа, наведувајќи дека израелската армија намерно извршила воени злосторства.
Во извештајот на оваа невладина организација за човекови права со седиште во Лондон, се наведува дека нивната истрага „нашла доволно основа да се заклучи дека Израел извршил и продолжува да врши геноцид врз Палестинците во окупираниот Појас Газа“.
Генералниот секретар на Амнести Интернешнл, Ангес Каламар рече дека Извештајот покажува дека Израел извршил дела забранети со Конвенцијата за геноцид, со конкретна намера да ги уништи Палестинците во Газа.