Нападот во Чернигов, во кој на 3 март беа убиени 47 цивили, може да се окарактеризира како воено злосторство, соопшти „Амнести интернешнал“ по спроведената истрага.
Бомбардирањето се случи во 12:15 часот.
Врз основа на анализа на достапните видеа и изјави на сведоци, Амнести интернешнал проценува дека „очигледно руски авиони“ фрлиле најмалку осум „ненаведувани ракети“ на мала област, убивајќи цивили и уништувајќи куќи.
Се проценува дека повеќето од загинатите за време на нападот чекале ред за храна, а бомбите паѓале по ред, што е типично за бомбардирање.
„Воздушниот напад што ги погоди улиците на Чернигов е шокантен – тоа беше немилосрден, хаотичен напад врз луѓето додека ги извршуваа секојдневните задолженија во домовите, на улиците и во продавниците“, рече Џоан Маринер, директорка за одговор на кризи при Амнести интернешенел.
„Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд треба да го истражи овој воздушен напад како воено злосторство“, соопшти организацијата.
Тие нагласуваат и дека експертите на Амнести интернешенел не успеале да пронајдат докази дека во близина на местото на нападот се наоѓа воен објект.