АМСМ: Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово и на Стража, магла до 50 метри има на Плетвар

од Milan1
12 прегледи

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, информираат од АМСМ.

Сите патни правци во државата се проодни без забрани, застои и ограничувања.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЈП „Македонијапат“ со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата по обилните врнежи во западните и источните предели. Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваат.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини