АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, магла на неколку патни правци

од Milan1
16 прегледи

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, соопшти АМСМ.

Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 50м. има во Маврово, во Крушево до 100м., на планинскиот премин Ѓавато до 50м. и од 60 – 80м. на планинскиот превој Стража.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини