АМСМ: Сообраќајот во зимски услови, забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково

од Milan1
13 прегледи

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Забрани за движење на товарни моторни возила воведени се повеќе патни правци низ државата и тоа Дебар – Маврово, Охрид – Кичево (Пресека), Кичево – Гостивар (Стража), Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема) и Битола – Ресен (Ѓавато), додека во прекин е сообраќајот Охрид-Ресен, поради сообраќајна незгода, информираат АМСМ.

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која започна од 15.11.2024 година и ќе трае до 15.03.2025 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини