Амстердам воведува уште една забрана: Туристите повторно на удар

од Симе Стоиков

Амстердам повеќе нема да дозволи да се градат нови хотелски згради и ова е одговорот на локалните власти во борбата против масовниот туризам.

Главниот град на Холандија најде свои методи кои не се баш во прилог на туризмот, туку се на страната на жителите на градот – имено, нема повеќе изградба на хотели. Оваа одлука е донесена со цел градот да биде што посоодветен за животот на локалното население и посетителите.

„Ова значи дека нема да има прекумерен туризам, нема да има нови хотелски згради и нема да има повеќе од 20 милиони ноќевања на туристи во хотели годишно“, се вели во соопштението на градската управа, а пренесува Ројтерс.

Но, нов хотел во Амстердам може да се изгради само ако се затвори друг хотел, ако не се зголеми бројот на места за спиење и ако новиот хотел е подобар – на пример, поодржлив. Но, правилото не важи за новите хотели кои веќе добиле дозвола за градба.

Градот активно се обидува да го ограничи бројот на туристи, кои најмногу доаѓаат во Амстердам, поради т.н. сексуалниот туризам во округот Црвените фенери, како и либералната политика на консумација на лесни дроги.

Слични содржини