Заедно со ќерките Захара и Шајло, холивудската актерка, Анџелина Џоли се вклучи во голем глобален проект, односно изложба која се обидува да го освести светот дека на жените во Иран конечно им се помага.
Таа земја одамна е погодена од кризата, па не е чудно што Анџелина без многу размислување реши да помогне на свој начин. Објавата која актерката ја објави на својот Инстаграм профил се состои од видео и фотографии. На видеото се гледаат голем број луѓе кои решиле да учествуваат во овој проект, па отсекле дел од косата и ја испратиле на адреса во Париз, од каде уметницата Пруне Нури сето тоа ќе го однесе во Њујорк во март и ќе го изложи тоа во нејзината изложба.
„Мојата пријателка Пруне Нури работи на прекрасен уметнички проект за да се солидаризира со храбрите жени во Иран, кои се борат за еднаквост и права, но и да ја почитува нивната храброст. Се приклучи и моето семејство. Секој од вас може да учествува во проектот така што ќе испрати прамен од својата коса до 25 февруари“, рече Анџелина Џоли и откри дека изложбата ќе се одржи во Њујорк на 8 март, Меѓународниот ден на жената.
View this post on Instagram
По видеото, следуваат неколку фотографии на кои се гледа како Анџелина и сече прамен од косата на Захара, како и скратената Шајло, на која без многу размислување и се придружиле. Анџелина Џоли со години учествува во различни хуманитарни проекти, а дури две децении беше и амбасадор на Обединетите нации. На крајот на минатата година ја прекина таа соработка со цел да се фокусира на помошта и работата на организациите предводени од лица директно погодени од конфликтот.