Анџелина Џоли се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и побара помош од целиот свет по катастрофата што ги снајде Турција и Сирија.
Таа сподели видео од спасувач во Сирија и додаде:
„Моето срце е со народот на Сирија и Турција. Тешко е да се сфати незамисливата болка низ која поминуваат многу семејства. Се надевам дека другите ќе размислат за донирање за луѓето да продолжат со напорите да спасат животи“, напиша актерката и режисерка на споменатата мрежа.
Да потсетиме, два големи земјотреси со фокусна точка во Кахраманмарас, кои ја потресоа Турција, го запреа животот во 10 провинции и окрузи. По земјотресот, 112 екипи се тркаат со времето за да ги пренесат повредените од урнатините во болниците. Во земјотресите загинаа повеќе од 33.000 луѓе.