Во Холивуд се врти лавина од гласини околу можно романтично поврзување меѓу 37-годишната актерка Ана де Армас и 62-годишниот Том Круз. Парот во последно време е забележан заедно во Лондон, што ги поттикна шпекулациите дали нивната врска е само професионална или има нешто повеќе од тоа.
Во неодамнешно интервју за „Women’s Wear Daily“, кубанската актерка Ана де Армас потврди дека работи со Том Круз на таен проект. „Очигледно, сите знаат дека соработувам со Том Круз“, рече Ана со насмевка која остави простор за разни толкувања.
Проектот во кој работат не е откриен, но се знае дека зад него стојат познатите режисери Кристофер Меквори и Даг Лиман, кои претходно соработувале со Круз на хит филмови како „Невозможна мисија“, „Американски оригинал“ и „На работ на утрешнината“.
„Овие режисери се вистински мајстори во она што го прават“, додаде Ана. „Тренингот што го имав беше интензивен, како што е ред кога работиш со Том. Тоа е сосема друго ниво кое постојано ја подига летвата.“
Гласините за романса се засилија откако папараците ја фотографираа двојката како неколкупати заедно пристигнуваат на хелиодром во Лондон и излегуваат на интимни вечери во текот на март и април. Според извор близок до нив, Том Круз е „до смрт заљубен“ во Ана.
„Излегуваа на неколку состаноци, но сè е многу дискретно“, откри извор за Us Weekly.
Дали оваа нова холивудска љубовна приказна ќе се развие и пред камерите и зад нив останува да видиме.