Ана и Бастијан позираа покрај елката во нивниот дом

од Stefanija Kuzmanovska
623 прегледи

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер ја накитија елката во нивниот дом пред која позираа подготвени за новогодишните празници.

Славната двојка навистина се радува на Божиќ, која во својот дом секоја година го слави два пати.

Овој пат беа фотографирани покрај накитена новогодишна елка, елегантно облечени. Поранешната тенисерка за таа пригода избра свечен црн фустан, со голем шлиц што ја открива нејзината совршена линија.

Под оваа фотографија, Ана напиша:

„Ние веќе ја накитивме елката. Кој друг е подготвен за Божиќ?“

Слични содржини