203
Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ секојдневно го привлекува вниманието на јавноста на социјалните мрежи, но овој пат тоа го направи на посебен начин.
Поранешната победничка на Ролан Гарос, која е во брак со Бастијан Швајнштајгер, објави дека е повторно бремена.
– Јас и Басти отсега и официјално сме побројни! – објави Ана.
Во бракот со поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација, таа роди две деца, синовите Леон и Лука.
Да потсетиме, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се во врска од септември 2014 година, а се венчаа на 12 јули 2016 година во Венеција.