Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ ги импресионира сите со првите фотографии кои ги објави неколку дена по раѓањето. Само една недела откако на виделина се појави малиот Лука, убавата Србинка закачи во „Инстаграм“ две фотографии, на кои прави вежби, а нејзиното тело изгледа одлично.
Многумина од следбениците нејзини дури изразија сомневање дека кадрите се направени пред таа воопшто да забремени.
Но не е така – едноставно поранешната спортистка брзо се обновува, а вежбите си го прават своето.