Ана Ивановиќ и новата партнерка на Швајни очи в очи! Папараците ја снимија жестоката средба на Мајорка – жените на Бастијан дојдоа да ги земат децата од школо!

од Љубиша Владимиров
32 прегледи

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ повторно е во центарот на вниманието, откако неодамна беше забележана лице в лице со новата партнерка на нејзиниот поранешен сопруг, германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер. Состанокот се случи пред училиште на нивните деца на Мајорка.

Според германскиот весник „Билд“, Ана и Бугарката Силва, која сега е во врска со Бастијан, се појавиле во исто време на престижното меѓународно училиште каде нивните деца одат на настава. Двете беа фотографирани како ги чекаат децата, но нивните стилови на облекување беа сосема различни – Ана во спортска, лежерна комбинација, додека Силва носеше тесен краток фустан што го истакнува нејзиниот изглед. Фотографиите можете да ги погледнете на следниот линк:

Ана и Бастијан долго време важеа за еден од најстабилните и хармонични спортски парови, но нивниот развод предизвика големо изненадување во јавноста. Иако ретко зборуваат за деталите, односот помеѓу нив сè уште е комплициран, особено откако се појави новата врска на фудбалерот.

Романсата меѓу Ана и Бастијан започна на неочекуван начин – преку хуманитарна акција во 2014 година. Тогаш, во рамки на „Ice Bucket Challenge“ кампањата за подигнување на свеста за амиотрофична латерална склероза, Ана беше номинирана и полна со позитивна енергија го прифати предизвикот. Потоа, фудбалерот го возврати предизвикот, што доведе до нивно запознавање и подоцнежна врска.

Иако нивниот брак заврши, вниманието околу нив и натаму не стивнува, особено поради новите случувања и блиските средби на нивните партнери и деца.

Слични содржини