Веќе неколку недели, поранешната српска тенисерка, Ана Ивановиќ е под будното око на светската јавност поради медиумските извештаи дека нејзиниот деветгодишен брак со Бастијан Швајнштајгер е прекинат. И додека целиот свет чека потврда дали тие се уште се во хармоничен брак или нивниот брак доживеал бродолом, Ана зборуваше за теми кои не беа дел од јавните дискусии.
Ана Ивановиќ даде искрена исповед во документарната серија „Патот до број еден“, а првата епизода од серијата, која самата ја објави пред неколку дена, веќе предизвика голем интерес во јавноста. На личен и емотивен начин, поранешната број еден во тенисот зборуваше за патот до врвот на светскиот тенис, кој не е видлив со голо око.
„Ме научи да ги следам моите соништа“
„Дефинитивно беше тешка одлука, но почувствував дека е време за ново поглавје во мојот живот. Во мојата средина, луѓето најчесто се плашат од промени бидејќи им е полесно кога нешто им е веќе познато. Ние не сме истата личност како што бевме вчера. Следниот ден повторно стануваме некој нов. Но, на крајот на краиштата, цврсто верувам дека популарноста доаѓа и си оди, но личноста каква што си останува со тебе засекогаш. Секој од нас има свој повик, но ако погледнете длабоко во себе, можете да го видите и почувствувате. Многу луѓе не го следат тој повик. Тенисот ме научи дисциплина, упорност… Ме научи да ги следам моите соништа, рече Ивановиќ и продолжи:
„Луѓето секогаш гледаат само она што е на површината, но има многу што се случува под површината, работи за кои ние не сме ни свесни. Или на луѓето навистина не им е гајле. Мислам дека може да биде толку охрабрувачко кога ќе сфатиме дека ние сме тие што ги контролираат нашите животи, иако понекогаш не се чувствуваме така. Но, всушност, вашата најголема сила е онаа што веќе ја носите во себе“, рече поранешната тенисерка.
Серијата предизвика море од позитивни реакции од гледачите кои ја изразија својата поддршка за неа.