Дека Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се разведуваат се уште не е официјално потврдено, но нивната последна заедничка објава на Инстаграм покажува дека нешто се случува.
Според информациите кои неодамна ги објавија германските медиуми, а меѓу првите „БУНТЕ“, поранешниот фудбалски ас и поранешниот светски тениски рекет број еден веќе два месеци живеат одвоено.
Иако надежите на многумина беше дека шпекулациите не се вистинити, детал од нивната последна објава изненади многумина.
View this post on Instagram
Имено, Ана забранила коментари на последната заедничка објава која ни кажува многу. Бидејќи тоа не го правела на сите претходно заеднички објави, следбениците напишале како забележале дека последното видео има забрана за објавување на коментари.
View this post on Instagram
На последните фотографии кои Ивановиќ ги објави на социјалните мрежи, многумина забележаа дека таа повеќе не носи бурма на раката.
Тој тивок, но симболично многу силен сигнал ја отвори вратата за шпекулации дека бракот навистина завршува и тоа без јавни објави и врева.