Ана Николиќ за средбата со Раста откако тој излезе од затвор: Емотивно, плачев цел ден

од Stefanija Kuzmanovska
394 прегледи

Откако помина четири месеци во затвор, Стефан Ѓуриќ Раста веднаш отиде кај својата поранешна сопруга да ја посети својата ќерка Тара, која најмногу му недостигала, а во оваа прилика, Ана Николиќ откри сè во врска со средбата, која, како што објасни таа, била многу емотивна, пренесе „Мондо“.

Годината која ја остави зад себе беше бурна, а пејачката ја памети по тоа што изгуби многу килограми, но и се бореше со големи семејни проблеми.

-Имаше сè, многу работи, за среќа, јавноста не знае. Се обидувам да изнесам сè самостојно со помош на моето семејство, кое отсекогаш ми беше поддршка. Ова сигурно беше една тешка година во мојот живот. Никому не му е ниту малку пријатно да го повикаат наутро и да му кажат: „Вашиот поранешен сопруг е уапсен“. Покрај сето тоа што се случи, јас победив во многу битки, ослабев и се доведов во линијата што ја имав како девојка – ја започна приказната.

Ана детално ја опиша средбата на раперот со нивната ќерка, која најмногу му недостигала за време на неговите четири месеци затвор и дека имале договор да не му ја носи за време на посетите. Рече дека плачела цел ден, но и дека малата Тара помислила дека никогаш повеќе нема да го види својот татко.

-Емотивно. Плачев цел ден, сè се скрши во мене, затоа што се потсетив на периодот кога татко ми замина, останав рано без него. Ме сакаше безусловно, како и јас него. Тој беше дел од мене, ова е мојата најслаба точка. Нашиот договор беше да не ја нсоам Тара на посетите, бидејќи не сакав детето да доживее траума, итн. Здравјето на нашето дете ни е најважно, па од самиот почеток се водевме според тоа. Сигурно знаете дека датумот на Раста за излегување од затвор се најавуваше, но јас никогаш не ѝ ветив на Тара кога ќе дојде тато, затоа што морам да го исполнам она што ќе ѝ го ветам. Во последните неколку месеци во погледот на Тара неколку пати видов недоверба. Таа не знае што е смрт, но мислеше дека нејзиниот татко никогаш нема да се врати. Го видов тоа во нејзините очи – рече таа, а потоа откри како поминал нивниот прв разговор и откри дека го прашала „кога ќе порасне“.

-Работиме на тоа да бидеме пријатели затоа што и двајцата сме многу слични по карактер и сме експлозивни. Нашиот брак заврши во моментот кога сфатив дека двајцата сè повеќе стануваме брат и сестра, а сè повеќе се оддалечуваме од тоа да сме брачни партнери. Кога дојде да ја види Тара му кажав: „Расто, ќе пораснеш ли веќе еднаш?“, на што се насмеа. Имам одлични односи со родителите на Раста, дури и редовно се слушам со мојата поранешна свекрва“, заклучи таа.

Слични содржини