Ана Винтур и трите работи без кои не излегува од дома (ВИДЕО)

од Vlatko K
176 прегледи

„Go Ask Anna“ е проект на американскиот Vogue, во кој различни луѓе ја прашуваат Ана Винтур за
различни прашања поврзани со модата и интересната личност на главниот уредник на модната
библија.


Едно од прашањата беше: „Ана, кои се трите работи без кои не излегуваш од дома?“ Ние не сме
изненадени,дека за Винтур ова се нејзиниот телефон, нејзините очила за сонце и големата чаша за
кафе „Старбакс“.

А кои се нејзините омилени децении во мода? Ана соопшти дека тоа е 1920-тите, надевајќи се дека
нејзината следната омилена деценија ќе биде 2020-та година – несомнено позитивен поглед на
иднината на модата.

Ана даде модни совети и на бремените жени: „Важно е, и покрај бременоста, жената да го одржува
својот стил и стил на облекување. Ја гледам Меган Маркл и забележувам дека нејзините потпетици
стануваат се повисоки уште од нејзината бременост. Никогаш не сум разбирала зошто жените
сакаат да ја сокријат својата бременост и промените што следуваат од неа. Треба да се истакне“,
вели Винтур.

И тука е нејзиното најмодерно правило за мода: „Никогаш не се облекувајте црно од глава до пети!
Ќе изгледате како да одите на погреб. Малку боја никогаш не е излишна – обоен накит, бели чизми
…“вели таа.

Видете ги сите совети на Ана во следното видео.