Анабела направи хаос во Задруга: Џогани ме тепаше 17 години, со шминка ги покривав модриците

334 прегледи

Ситуацијата во српското реално шоу Задруга се повеќе се вжештува. Пред неколку дена во вилата влезе пејачката Анабела Атијас, мајка на победничката од минатата сезона Луна Џогани.

Веднаш по влегувањето, таа го нападна пораншениот сопруг Гаги Џогани, со кој беше во брак 17 години.

– Ти ја продаде нашата ќерка поради шоу. Со година не даде ниту денар за двете деца. Секој месец земаше пари од сметката на Луна – викала Анабела и додала дека нејзиниот партнер Андрија го спасил неговиот живот.

– Никој од семејството несака да слушне за него. Една вечер Андрија влезе во неговиот стан, а на подот го виде Гаги. Се предозирал. Лекарите со часови се бореле за неговиот живот. Со години враќав пари на „зелените“ бидејќи се плашев од одмазда да не им наштетат на моите деца – со солзи во очите раскажала пејачката.

Таа додала дека 17 години физички ја злоставувал, а поради силните удари, како што тврди, ги изгубила близнаците.

-Имав концерт во Македонија. Толку ме тепаше што имав спонтан. Во таа состојба отидов да пеам. Користев шминка за тетарски претстави за да ги прекријам модриците – рекла Анабела.

Слични содржини