Аналитичари: Можниот влез на Таравари во владата би ја изолирал ВМРО-ДПМНЕ од албанскиот политички кампус

од Destan Jonuzi
273 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски ја остави отворена можноста за проширување на владината коалиција со другите партии од опозицијата, но како што нагласи само за оние кои го следат проевропскиот курс на државата. Дали е ова јавен покана до Алијансата за Албанците (АА) за да стане дел од Владата?

Бесим Небиу

Бесим Небиу

– Да, се чини дека се работи за покана до АА за влез во Владата. Со пратениците од АА, Владата би имала стабилно мнозинство и тоа значи дека сигурно нема да има предвремени избори, туку дека изборите би се одржале во редовниот термин во летото 2024 година. Освен стабилизирањето на мнозинството Ковачевски исто така би постигнал ефект на изолација на ВМРО-ДПМНЕ од албанскиот политички кампус – односно во фокус би се вратило старото прашање за нискиот коалиционен капацитет на ВМРО-ДПМНЕ со албанските политички партии. Да потсетиме на двата последни парламентарни избори во 2016 и 2020, ВМРО-ДПМНЕ освојува повеќе гласови од СДСМ но не успеа да формира парламентарно мнозинство поради отсуство на соработка со албанските партии, изјави за „Локално“, Бесим Небиу – политички аналитичар.

Универзитетскиот професор и познавач на политичките случувања во државата, Мерсим Максути смета дека секое зајакнување на владата со нов сојузник и помага на земјата во процесот за членство во ЕУ.

Мерсим Максути

– Секое зајакнување на владата со нов сојузник како дел од неа во овој момент го гледам како предност и придобивка. Проширувањето на владината коалиција и помага на земјата во процесот за членство во ЕУ. Додека, од друга страна, колкава ќе биде нејзиниот пазар (на Алијансата на Албанците) и како тоа ќе се одрази пред електоратот на оваа партија, ова е прашање што партиските органи треба добро да го анализираат, изјави Максути за „Локално“.

Д.Ј.

Слични содржини