Податоците за блокчејн покажуваат дека односот купување/продажба на Биткоин сега дава сигнал за „купување“ бидејќи цената на криптовалутата почнува да расте.
Како што е објаснето од аналитичар во публикацијата CryptoQuant, соодносите за купување и продавање може да се користат за да се најдат места за влез и излез на пазарот.
„Обемот на купување на биткоин“ е индикатор кој го мери обемот на нарачките за купување, извршени при постојани „свапови“ (Swap им овозможува на корисниците лесно да разменуваат една криптовалута за друга без да го напуштат својот блокчејн паричник. Со Swap, можете да разменувате крипто во вашиот паричник со приватен клуч или во вашата сметка за тргување – н.з.) Слично на тоа, обемот на продажба го мери бројот на нарачките за продажба. Коефициентот за купување на „тејкери“ (или неговиот пандан на продажби) се дефинира како сооднос на обемот на набавките и вкупниот обем на постојани „свапови“.
Кога вредноста на коефициентот за купување се зголемува, тоа значи дека купувачите сега се подготвени да купат монети по повисока цена. Овој тренд покажува дека притисокот за купување во моментов е посилен од притисокот за продажба.
Од друга страна, зголемувањето на односот на продажбата на купувачите би значело преминување кон пониско пазарно расположение.
Кога коефициентот на продажби пак допира слични вредности, историски ова укажува на точка за продажба криптовалутата.
Се чини дека вредноста на коефициентот за купување штотуку ја премина границата од 0,52, што сугерира дека сега можеби е идеална можност да се купи Биткоин“, вели тој.