Можната реконструкција ќе го тргне Гаши од Владата и ќе го внесе Таравари?

од Destan Jonuzi
314 прегледи

Последните случувања во најголемата партија на Албанците на власт, Демократската унија за интеграција (ДУИ), јавните судири меѓу партијата Алтернатива на Африм Гаши и Алијансата за Албанците (АА) на Арбен Таравари околу тоа дали на владата и треба или не нов партнер, најавите дека Министерството за здравство ќе му се врати на најголемиот партнер – СДСМ, потребата од две третини од гласовите во Собранието за уставни измени ја покрена дебатата за проширување на владината коалиција, а со ова и потребата за реструктуирање Владата.

Новинарот и политичкиот коментатор Ванчо Донев смета дека наѕирањето на некој можен поголем трансфер кон владиното мнозинство е ризик за парламентарното мнозиство.

Ванчо Донев

Ванчо Донев

– Во ДУИ имавме пресметка на стари и нови членови и преголемата моќ што ја имаше Груби. За земањето на здраството од страна на СДСМ, повеќе е од тактички карактер откоку нешто конкретно. Задега не се наѕира некој поголем трансфер кон владиното мнозинство, бидејќи е ризик за сите. Таравари енергично демантира влегување во владта, па така се сведува на поединечни контакти. Ако се прави реконструкција, тоа би било повеќе внатрешно прерасподелување на силите на СДСМ и ДУИ, изјави Донев за „Локално“.

Од друга страна политичкиот аналитичар Берат Азизи смета дека судирите меѓу Алтернатива и АА за проширување на владината коалиција, отвораат можност за проширување на владата, а и можност за напуштање на Алтернатива.

Берат Азизи

– Судирите меѓу Алтернатива и АА за проширување на владината коалиција, отвораат можност за проширување на владината коалиција, а од друга страна, и можност за напуштање на Алтернатива. Реакцијата на Алтернатива дека владата е стабилна остава простор за сомнеж и страв, бидејќи ако АА влезе во владината коалиција со 8 пратеници, тогаш позицијата на Алтернатива со тројца пратеници ќе биде минимална, ако не и невидлива. Мислам дека АА, и покрај негирањата дека нема да биде дел од владата, многу е веројатно да стане дел од владината коалиција со оправдување со ЕУ агендата и реформите што ги бара Европската Унија. Од друга страна, сметам дека во оваа владина коалиција нема место за двете политички партии на Албанците АА и Алтернатива поради поделбата на ресорите што би се направиле и влијанието што тие би го имале врз владата, вели за „Локално“, Берат Азизи -политички аналитичар.

Според него, СДСМ игра политичка игра за зајакнување на позициите и враќање на кредибилитетот кај граѓаните.

По јавните изјави на лидерот на АА, Арбен Таравари дека доколку добие понуда од парламентарното мнозинство да влезе во Владата, истото ќе го разгледа и во партиските тела, реагираат од Алтернативната партија на Африм Гаши.

Како одговор, меѓу другото, напиша дека Таравари ја обвини Алтернатива за предавство не порано од пред 10 месеци кога влезе во владата. Според Алтернатива, некоректно е да се зборува за сплотеност и единство.

– Влеговме во Владата за да го гарантираме мнозинството што обезбеди отворање на преговорите со ЕУ и да го одржиме стратешкиот евроинтегративен курс на Северна Македонија. Сега кога власта е стабилна и „оган“ се пали само во таборот на ДУИ, Арбен Таравари им излегува како спасител, нудејќи им на своите пратеници да го пополнат недостатокот на „огнените“ пратеници на ДУИ, велат од Алтернатива.

Од АА на нивната контра-реакција велат дека не можат да ја разбират нервозата на Алтернатива, како што велат, „покажана против нас“.

– Соработката во коалицијата „Сега е време“ ја оценивме како коректна и плодна до моментот кога таа заврши. Субјектот за кој станува збор нема зошто да го бара својот противник и непријател во нас. Ние, како и секој граѓанин на оваа држава, се радуваме на секој евентуален успех што ќе го постигне Владата и секоја институција што ја води ААА и не само. Да се биде во опозиција е благородно дело и секој политички субјект треба да го разбере ова. Еврозападниот правец на Северна Македонија низ години е докажан и гарантиран од одредени опозициски субјекти, повеќе отколку од самата Влада, а Алијанса за Албанците е жив доказ за овој факт, се вели во реакцијата на АА.

Во меѓувреме, во ДУИ на Али Ахмети и покрај несогласувањата внатре во партијата не гледаат причина за промена во владиниот кабинет, односно структурите на ДУИ.

– Поради енергетската криза и безбедносната криза како резултат на војната во Украина, сметаме дека не е време за промени во владата, велат од ДУИ.

Д.Ј.

Слични содржини