Група аналитичари во JPMorgan Chase, предводени од Николаос Панигирзоглу, ја пресметале „фер цената“ на биткоинот врз основа на неговото ниво на нестабилност во однос на златото. Според нив, најголемата криптовалута е преценета за 12%.
Со оглед на тоа што нестабилноста на биткоинот е 4 пати поголема од онаа на златото, објективната вредност на ова крипто-средство е 38.000 долари. Ако е 3 пати поголема, вистинската цена на биткоинот ќе се искачи на 50.000 долари.За споредба, денес пазарната вредност на криптовалутата надминува 44.000 долари.
Нестабилноста на биткоинот е еден од неговите главни проблеми, велат аналитичарите за „Блумберг“: „Најважната пречка за придвижување на биткоинот напред е неговата нестабилност, како и циклусите на бум и пад што го попречуваат неговото последователно институционално усвојување“.
Според Панигирзоглу, долгорочната теоретска цел за биткоинот, на која неговата вкупна пазарна вредност ќе биде еднаква на вредноста на златото што се користи за инвестирање, е 150.000 долари, иако пред една година беше 146.000 долари.
Аналитичарите коментираат и дека падот на цената на биткоинот во јануари наликува на помалку целосна капитулација од настаните од мај минатата година, кога курсот на најголемата криптовалута се падна за половина.