АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ: Намалување на разликата во цената помеѓу бензинските и електричните автомобили во Германија

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Забележлива разлика во цените на новите бензини и електрични автомобили во Германија сè уште постои, но таа се намалува и покрај укинувањето на државните субвенции за електричните автомобили, објави во четвртокот приватниот институт Кар, а пренесува германската новинска агенција (dpa).

Институтот месечно ги анализира „живите“ цени на пазарот на автомобили, пресметувајќи на овој начин што плаќаат клиентите со сите попусти и акции на дилерите, а не препорачаната малопродажна цена.

Цената на 15-те најпродавани електрични модели од април до јули падна во просек за четири отсто, додека бензинските модели поскапеа за пет отсто.

И покрај тоа, јазот е сè уште значителен, рече директорот на студијата Фердинанд Дуденхофер.

На пример, Volkswagen Golf од 23.443 евра е поевтин за 9.220 евра од неговиот електричен близнак ID3. Во Opel, бензинската Corsa е за неверојатни 13.600 евра поевтина од електричната.

Во исто време, сè уште недостасува донекаде очекуваниот триумфален марш на кинеските производители на германскиот пазар на е-автомобили.

Дуденхефер истакна дека Кинезите често во нивните онлајн огласи не ја наведуваат цената или другите основни информации за возилата.

Според него, очигледно е дека ниту кинеските компании не можат да ги пренесат трошоците, па затоа е-моделот што го произведува MG е за 13.000 евра поскап од неговиот бензински ривал.

Дуденхофер, исто така, истакна дека за прв пат американската Tesla понудила директен попуст од 6.000 евра за Model Y. Според сите сметки, Tesla има акумулирано автомобили што не може да ги продаде, рече тој.

Слични содржини