Околу една година и минимум 10 милијарди долари се потребни за победа над Исламската држава,а копнената операција е задолжителна, тврдат во своите истражувања познати светски воени аналитичари.

Толку ќе чинат трошоците и оружјето на 10-илјадната армија која се бори успешно против терористичката група, без разлика дали ќе биде создадена голема меѓународна коалиција, или борбата против терористите ќе се води само од некоја од големите сили.
Русија соопшти дека е подготвена да изготви заеднички Генералштаб за борба против “Исламската држава”, во кој ги покани Франција, САД, па дури и Турција и покрај тензиите меѓу Анкара и Москва.
“Подготвени сме да планираме заедно да удриме по позициите на ДАЕШ (арапскиот акроним на ИСИС) и за целта да направиме заеднички Генералштаб со Франција, со Америка, со сите земји кои се согласуваат да се вклучат во оваа коалиција. Турците се исто така добредојдени доколку сакаат “, изјави рускиот амбасадор во Париз, Александар Орлов.
Создавањето на широка меѓународна коалиција за борба против џихадистите е малку изненадувачки, бидејќи воениот потенцијал на ИСИС сепак е многу низок.
Американски и британски експерти проценуваат дека на страната на терористичката група се борат меѓу 40 000 и 75 000 борци.
Чисто статистички со нив можат да се справат помеѓу 3 и 5 дивизии на некоја од водечките сили во светот. Освен тоа Исламската држава не располага со воена индустрија.
Тоа значи многу слабо вооружување, како и недостаток на добро обучени војници. Затоа според стандардите од Втората светска војна за поразот на групата по копно би била доволна дури и само една редовна армиска дивизија.
Радикалните исламисти сепак имаат и некои предности, со кои донекаде се компензира воената слабост.Неопходно е да се направи удар на нивната економска моќ.
Вработени во одбраната на САД сметаат дека “Исламската држава”, која можеби е најбогатата терористичка група од ваков вид во историјата, заработува околу 47 милиони долари месечно од продажбата на нафта.