Протестите во Црна Гора се пример за балканска политичка шизофренија. За тој што не живее таму, не може да сфати што навистина се случува, пишува српски „Блиц“.

682179_grafike-0801_ff

Протестите пред Собранието во Подгорица кои почнаа на 27 септември ги организираше Демократскиот фронт. Барања се – распуштање на Владата, па формирање на техничка влада за да се создадат услови за фер избори во 2016 година.

Вистина е дека претседателските избори на кои Филип Вујановиќ го победи МИодраг Лекиќ сосамо 7000 гласови фрли сомнеж на регуларноста, па барањето на опозицијата изгледа разумно. Но, нешто друго стои позади се.

 

Под еден, Миодраг Лекиќ си замина од партијата и ја формираше Демос, па Фронтот е сега сведен на едвај пет посто поддршка. Низ протестите Фронтот се обидува да анимира гласачи за скорешните избори.

Под два, јасно е дека тајмингот на протестот не е случаен. За два месеца Советот на министри одлучува за приемот на Црна Гора во НАТО, што на Русија не би и одговарало.

Трето, иако протестите се претставени како граѓански, на нив се присутни четнички симболи, се пече прасе, а се повикуваат Бошњаците да се придружат.

Шефицата на делегацијата на Европскиот парчамент за југоисточна Европа Дорис Пак оцени дека автократскиот премиер се поставил себе си над сите закони, храбрејќи ги демонстрантите.

За в сабота се најавени нови протети на кои се очекува неколку десетици илјади граѓани, што би можел да биде сериозен удар на владата на Мило Ѓукановиќ. Сепак, без најавениот нокаут.

Ѓукановиќ себе си си даде автогол кога дозволи протести под шатори во центарот на градот, за да би поентирал пред Европа и да покаже дека власта е демократска. Сепак, ја потцени упорноста на демонстрантите и кампувањето трае. Силата му се удри од глава и против себе сега го имаат бунтот на граѓаните, анализира Блиц.

Слични содржини