Анчелоти: Алан нема да оди во ПСЖ

од Vladimir Zorba

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, изјави дека бразилскиот играч од средниот ред, Алан, кој е поврзан со трансфер во Париз Сен Жермен, ќе остане во тимот.

„Алан не тренираше адекватно, имаше тешка недела. Го оставивме во Неапол, за да се подготви за натпреварот за купот со Милан, кој ќе се одржи во вторник. Знам само дека тој останува во тимот. Алан е важен играч за нас и неговата важност ќе се зголеми во вториот дел од сезоната. Ние не мора да го продадеме. Да, предлогот на ПСЖ беше реален, но има услови и барања. Ако понудата не е соодветна за клубот, нема да има договор. Наполи ќе го прифати барањето на Алан да замине ако сака. Но, немавме проблеми со тоа. Де Лаурентис не сака да продава играчи“, изјави Карло Анчелоти пред „Football Italia“.

Последната понуда која ја направи ПСЖ за Алан беше за над 100 милиони евра.

Слични содржини