„And Just Like That“: Страсен бакнеж на Кери и нејзината голема стара љубов (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
350 прегледи

Сара Џесика Паркер, главната актерка и продуцент на новата сезона на серијата „Сексот и градот“, објави романтични фотографии со Џон Корберт, кој во серијата ја портретира нејзината голема стара љубов – Ејдан.

Фотографиите се направени на снимањето на втората сезона на „And Just Like That“, продолжение на култната „Сексот и градот“, а ликовите на Кери Бредшо и Ејдан се бакнуваат и гушкаат на улиците на Њујорк.

„Ова не е проба“, напишала Сара Џесика на фотографијата.

На официјалниот Инстаграм профил на серијата, како и на профилот на актерката Сара Џесика Паркер, претходно се појавија фотографии од сетот каде Кери и Ејдан шетаат фатени за рака.

Обожавателите на култното ТВ шоу „Сексот и градот“ се обидоа да го протолкуваат најновиот тизер од креаторите на серијата, а се појавија и бројни теории за тоа како Кери и Ејдан повторно завршија заедно.

Имајќи предвид дека најголемата љубов на колумнистката од Њујорк, популарната Зверка, почина во последната сезона како последица на срцев удар, јасно беше дека ќе мора да најде нов избраник.

Последен пат Ајдан се појави во второто филмско продолжение, кога размени бакнеж со Кери, по што таа побегна. И двајцата тогаш беа во брак, а познато е дека Ејден во меѓувреме добил три деца.

Слични содржини