Анџелина Џоли и Салма Хајек во изолација поради коронавирусот

од Vladimir Zorba
710 прегледи

Пандемијата на коронавирус ги достигна хероите од филмот „Eternals“. „Дизни“ потврди дека целиот тим е во изолација затоа што постои сомневање дека биле во контакт со вирусот.

Актерките Анџелина Џоли, Салма Хајек, но и Гема Чан, Лорен Ридлоф се во изолација, а со нив и режисерката на филмот Клои Зао.

Сепак, тоа не значи дека филмската екипа ќе биде целосно отсутна, тие ќе присуствуваат на сите настани поврзани со филмот преку онлајн вклучување.

За среќа, ниту еден од нив се уште не покажува симптоми.

„Претходно денеска сфативме дека екипата на филмот „Eternals“ биле во контакт со заразени со коронавирус. Го тестиравме целиот тим и иако сите се негативни, решивме да преземеме мерки на претпазливост“, велат од „Дизни“.

Слични содржини