Анџелина Џоли и „The Weeknd“ се во љубовна врска?

од Nikola Popovski
387 прегледи

Шпекулациите дека актерката Анџелина Џоли и пејачот „The Weeknd“ се во љубовна врска стануваат посилни, откако за само неколку дена беа видени повторно на истото место, овој пат на истиот концерт.

Новите гласини за љубовниот живот на Анџелина започнаа да кружат кон крајот на јуни, кога таа и пејачот вечераа заедно во луксузен хотел.

Вечерата, наводно, била од деловен тип и тие разговарале како да ја започнат филмската кариера на пејачот во Холивуд.

„Тие се само пријатели, но којзнае, би можеле да бидат нешто повеќе во иднина. Тој не крие дека долго време му се допаѓаше Анџелина“, изјавил информиран извор за „Сан“.

Сега парот е виден повторно на приватен концерт во Лос Анџелес, наведува Инстаграм профилот „Deuxmoi“.

На неофицијален профил на Твитер се појавија и одделни фотографии од Анџелина и The Weeknd. Овој профил информира за најновите вести поврзани со пејачот.

Слични содржини