Анџелина Џоли отвори профил на Инстаграм и урна Гинисов рекорд

од Nikola Popovski
380 прегледи

Познатата актерка Анџелина Џоли отвори профил на социјалната мрежа Инстаграм, а за помалку од 24 часа ја заследија повеќе од 5 милиони луѓе.

Во описот на профилот на Анџелина стои:

„Мајка, директорка, специјален пратеник на ОН за бегалци“.

Инаку, Анџелина одлучи да ги искористи социјалните мрежи за да зборува за кризата што го зафати Авганистан.

Поточно, нејзината прва и, во моментот на објавување на овој текст, единствена објава е писмо од тинејџерка од Авганистан, со кое Анџелина ги сподели своите искуства.

„Луѓето во Авганистан во моментов ја губат способноста да комуницираат преку социјалните мрежи и можностите за бесплатна комуникација. Се придружив на Инстаграм за да ги споделам приказните и гласовите на сите оние ширум светот кои се борат за своите основни човекови права“, напиша Анџелина.

Во писмото, анонимната тинејџерка и напишала на актерката дека „сите се плашат“ и дека „сите мислат дека нашите соништа се изгубени“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie)

„Повторно, ние немаме права и нашите животи се темни. Ја загубивме слободата и повторно бевме заробени “, напишала девојката на крајот од писмото.

Џоли потсети и дека слична ситуација се случила 20 години порано.

„Бев на границата со Авганистан две недели пред 11 септември 2001 година. Болно е да се гледа како Авганистанците повторно се протерани поради стравот и несигурноста што ја зафатија нивната земја. Трошењето толку многу пари и време, пролевање крв и губење животи само за да се заврши на овој начин е неуспех што е речиси невозможно да се разбере“, напиша актерката.

„Болно е да се види како авганистанските бегалци, некои од најспособните луѓе во светот, се третираат како да се товар. Знам дека кога би имале услови и почит, би можеле да направиме многу за себе. Запознав многу жени и девојки кои не само што сакаа образование, туку и се бореа за тоа“, продолжи Џоли.

Таа заврши со повик за акција и ветување дека нема да ги напушти оние на кои им е потребна помош, како и дека ќе продолжи да бара начини да им помогне.

Анџелина Џоли ја надмина Џенифер Анистон на првото место, која го собори Гинисовиот рекорд со отворањето профил на Инстаграм во 2019 година.

Имено, во октомври 2019 година, кога отвори Инстаграм, Џенифер биле следена од милион луѓе за неверојатни 5 часа и 16 минути. Сепак, Анџелина постигна драстично подобар успех, бидејќи „собра“ 2,1 милиони следбеници за само 3 часа, а моментално ја следат повеќе од 5 милиони луѓе.

Фото: Getty Images

Слични содржини