Анџелина Џоли е сама веќе подолго време, а сега призна дека во иднина ќе биде многу пребирлива кога станува збор за нова љубов, со оглед на тоа дека се изгорела со своите поранешни. Освен што немаше среќа во љубовниот живот, таа од 2016 година очајно се бори за старателство над децата со поранешниот сопруг Бред Пит.
За време на интервју за „E! News“, познатата актерка се пошегува дека толку долго е слободна што нејзините деца ѝ помагаат во самохраното мајчинство.
Иако се пошегува за целата ситуација, за нив има само пофални зборови.
-Имам шест многу способни деца. Секако дека се будиш и едноставно се чувствуваш како: „Морам да се осигурам дека се во ред. Морам да се осигурам дека се психички добри“, изјави таа за „E! News“.
-Но искрено, мислам дека тоа се смени пред неколку години и тие мислат: „Морам да се осигурам дека мајка ми е добро“, додаде таа, признавајќи дека улогите малку се замениле.
„Тие се грижат толку добро за мене, а ние сме таков тим. Јас сум многу среќна … затоа, се грижам. Јас сум секогаш таа што се грижи, но ги обожавам. Тие се кул луѓе“, се пофали таа.
Оваа позната холивудска актерка има шест деца. Медокс, Захара и Пакс се посвоени, а Шајло и близнаците Нокс и Вивиен ги доби со Бред Пит.