Анџелина е вистинска БОМБА во кожен фустан (ФОТО)

од Vladimir Zorba
651 прегледи

Познатата актерка Анџелина Џоли (46) блесна на филмскиот фестивал во Рим, а овој пат покрај картата за убавина, фаталната актерка одигра и на провокативната карта.

Кожениот фустан „Долче и Габана“, без ракави, беше блиску до телото, а ја истакна маѓепсувачката фигура на Анџелина, но и атрибутите, бидејќи под него не носеше градник, па во некои моменти се гледаше повеќе од неопходно.

Анџелина облекла црни сандали со високи потпетици со провокативен фустан, а покрај тоа што после долго време изгледа среќно, многумина коментираат дека провоцира исто како порано кога милиони мажи ширум светот воздивнуваа само на спомнувањето на нејзиното име.

Актерката не ја симна широката насмевка од лицето, додека позираше и го промовираше својот нов филм „Eternals“, а како што изгледа, по турбулентниот период кој е зад неа, таа повторно е онаа стара, фатална Анџелина која плени со својата појава.

Слични содржини