Анџелина се разголе за насловна страница на познат магазин (ФОТО)

од Elena Daskalova
287 прегледи

Анџелина Џоли подолг период не се експонираше медиумски, особено по разводот од Бред Пит. Но, овојпат таа освен што дава интервјуа и изјави и е особено активна на филмската и режисерската сцена, одлучи и да се разголи.

На насловната страница на новото издание на „Харперс базар“ ќе се појави токму таа, разголена и покриена со проѕирен превез, а на другите фотографии позира во мрежеста облека.

За магазинот таа изјавила дека изминатите неколку години ѝ биле доста тешки и дека на нејзе оставиле многу лузни.

„Сега чувствувам дека крвта се враќа во моето тело“, додала таа, опишувајќи се себе како конечно слободна, но секогаш дива во срцето.

https://www.instagram.com/p/B4fJKm8JSs1/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B4fFQIclsvj/

Слични содржини