Анџелина Џоли е загрижена за Шајло: Го отфрли презимето на нејзиниот татко, а сега го напушти семејниот дом

Анџелина Џоли повторно се најде во центарот на семејна драма. Овој пат фокусот е на нејзината 19-годишна ќерка Шајло Џоли, која, според британски „Дејли меил“, привремено се иселила од семејниот дом за да живее со танчерката Кеони Роуз, за која се шпекулира дека е нејзина девојка со месеци

од Vladimir Zorba
7 прегледи

По години семејна драма, Анџелина Џоли се чини дека повторно поминува низ тежок емотивен период. Нејзината 19-годишна ќерка Шајло одлучила да го напушти домот на своите родители и да се пресели кај нејзината наводна девојка, танчерката Кеони Роуз.

Според информациите објавени од „Дејли меил“, Шајло „привремено се преселила“ во домот на Кеони во Лос Анџелес, каде што наводно ги поминуваат летните месеци заедно. Упатените тврдат дека двојката живее заедно веќе некое време, а папараците ги снимале пред нивниот заеднички дом.

На фотографиите се гледа Шајло, боса и лежерно облечена, како ја води Кеони до нејзиниот автомобил, носејќи ѝ грицки, а потоа дели долга прегратка. Иако никој од нив јавно не ја потврди врската, нивната блискост не остана незабележана, а приказните за тоа дека двeте се во врска траат од ноември минатата година.

Анџелина не е воодушевена

Извори блиски до семејството велат дека актерката воопшто не е смирена во врска со целата ситуација.

На Анџелина најмногу ѝ се допаѓа кога сите нејзини „птици“ се во едно гнездо. „Ова не ѝ било лесно“, рекол добро информиран извор

Анџелина и Бред се родители на шест деца – Медокс (23), Пакс (21), Захара (20), Шајло (19) и близнаците Нокс и Вивиен (17). И додека сè уште биле под покривот на нејзината мајка, Шајло решила да ги земе работите во свои раце и да го започне својот живот на свој начин.

Шајло се заљубила во танцот како девојче, но јавноста беше особено заинтригирана во 2021 година кога нејзиното видео за танц стана вирално. Нејзиниот ментор Килан Картер во неодамнешно интервју рече дека Шајло е исклучително посветена на танцот.

„Не ги користи своите познати родители како предност. Искрено, дури и не знаев која е таа кога првпат дојде“, изјави тој и додаде дека таа е скромна и многу надарена девојка која само сака да го прави она што го сака.

Слични содржини