237
На медиумскиот интерес за тоа како ќе се постапи со манипулациите на 12.000 фирми во земјава што се вратиле сами на регулираниот пазар, соработникот за енергетика во Владата на Република Северна Македонија Виктор Андонов, истакна дека заради спречување на злоупотребите од страна на некои правни лица, Владата донесе одлука за регулирање на овој проблем.
„Со таа одлука точно е наведено дека доколку наведените правни лица до крајот на годината не се вратат самите на слободниот пазар, операторот на дистрибутивниот систем, како носител на лиценца која функционира врз основа на Законот за енергетика, ќе има обврска автоматски од први јануари 2023 година истите да ги врати на слободниот пазар”, информираше Андонов.