Ако тезата ја свртевме обратно и премиерот Ковачевски замине во Благоевград да отвори културен центар на Македонците заедно со претседателот на ОМО Илинден Пирин, можете да ја замислите хистеријата што ќе ја имаше во Бугарија. Од друга страна во Македонија имаме таков тип на средба, што не е прокоментирана од власта, вели Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ околу утрешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков заедно со бугарската шефица на дипломатијата, Теодора Генчовска на Битола.
Според него, не знаеме зошто овие луѓе доаѓаат во Македонија и со кого ќе се сретнат.
-Многу е значајно дека сите информации за нашите односи ги добиваме од Бугарија. Од наша страна има криење на проблемите и состојбите и барање граѓаните да веруваат. Се плашам дека што и да излезе од кујната на оваа влада, нема да се прифати од граѓаните, затоа што нема информации. Во Бугарија има организирано движење околу ова, додава Андоновски.