Андоновски: Луѓето што го отворија клубот „Ванчо Михајлов“ не можеме да ги нарекуваме пријатели

од Nikola Popovski
251 прегледи

Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да даде повеќе за што се разговарало на средбата на еврокомесарот Оливер Вархеји со лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски.

-Не би било дипломатски ако кажам сега. Важно е што потенцирани се ставовите на партијата дека преговорите со ЕУ треба да почнат веднаш. Треба да почнат без било какви одлагања, условувања и предусловувања од било која страна. На македонскиот народ му е смачено од отстапки, правевме во 90тите, со промената на уставот неколку пати. Време е за решенија и затварање на вратата на ЕУ за Македонија. Време е ЕУ и Европската комисија да ги почне преговоорите, зошто нецелисходни се понатамошни отстапки, кажа Андоновски.

Според отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ е контроверзија сама по себе.

-Не би имал образ да излезам во јавност и да ги нарекувам бугарските пријатели, кога дојдоа во Битола и отворија клуб со македономрзец и озглогласен фашист. Не може да ги нарекуваме пријатели таквите луѓе, смета членот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини