Андреа Јанков од „Левица“ кандидат за градоначелник на Центар

од Берта Китинска
226 прегледи

Левица вечерва соопшти дека го кандидира Андреа Јанков за градоначалник на скопската општина Центар.

Јанков, кој по професија е инженер-архитект, има 14-годишно искуство во приватниот сектор како овластен проектант и инженер за изведба. Тој е основач и претседател на здружението на граѓани „Го сакам Водно“.

„Неговата борба е насочена кон: хумано и самоодржливо урбано живеење; заштита и грижа за животната средина; борба со аерозагадувањето; зголемување на стандардот за зеленило по глава на жител; градење на мерит систем и демократизација на локалната самоуправа преку референдуми, народни иницијативи, собири на граѓани и зголемена граѓанска партиципација во носењето одлуки на општинско ниво“, се вели во соопштението на Левица.

Слични содржини