Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска во Специјалното јавно обвинителство ќе даде исказ во врска со проектите во ДУП „Мал Ринг“. ДУП го опфаќа централното градско подрачје, каде што се сместени спомениците и објектите од владиниот проект “Скопје 2014“.

За овој контроверзен проект, СЈО има оформено предмет а Жерновски пред некј ден потсети дека , тој по доаѓањето на градоначалничката функција, дал налог и се изработени два ревизорски извештаи. Врз основа на документи и докази, констатирани се низа неправилности и кршење на закони, неколкукратно поскапо платени споменици, криминални тендерски постапки. Целиот материјал и извештаите посочи Жерновски биле доставени во Јавното обвинителство пред три години. ПОтоа Обвинителството му побарало дополнителни докази, што веднаш било сторено од општина Центар. И потоа до дене денечен вели Жерновски никој ништо ноту покрена ниту побара ,од тогаш, Јавното обвинителство молчи за овој предмет и не го процесуира, со што се спречува започнувањето на правната разврска.