Андроид 5.1 – ХД разговори и заштита од кражба

од Vladimir Zorba
84 прегледи
Medium2-643x336Многу корисници во моментов со нетрпение очекуваат нивните смартфони и таблети да добијат надградба до новиот Лолипоп оперативен систем. Во исто време Гугл веќе почнаа да ја шират следната Андроид 5.1надградба на ограничен број на уреди. Не е изненадување дека сопствениците на Нексус 6 и таблетот Нексус 9 ќе се првите кои ќе можат да ги искористат предностите на новата платформа, сподели СлешГир.
Надградбата се одликува со голем број на предности и исто така ќе биде на располагање за уредите кои работат со Андроид Уан. Веројатно првата нова функција, на која треба да се обрне внимание е вградената поддршка за моделите кои работат со повеќе од една СИМ картичка. 5.1 е базирана на функцијата ХД Војс, овозможувајќи да вршите гласовни повици со максимален квалитет на звукот.
Благодарение на Дивајс Протекшн, корисниците ќе располагаат со екстра ниво на заштита во случај да ги загубат своите уредит. Сеуште не знаеме кога Гугл планираат да ги „испочитуваат“ другите уреди со новиот оперативен систем.