Android 7.0 чува безбедно од вируси-изнудвачи

од desk3
75 прегледи

Корисниците на Android уреди ќе можат да се потпрат на сигурна заштита од вируси-изнудвачи. Новата верзија Android 7.0 доаѓа со вградена алатка за таа цел. Специјалисти на компанијата за безбедност Symantec го анализирале Android 7.0 и дошле до заклучок дека во кодот на оперативниот систем се вградени можности за спротивставување на вируси.

1468749325-sistemen-bufer-1

 

Особено, новиот оперативен систем може да ја блокира активноста на тројанци-изнудвачи. Во моментов постојат стотици штетни програми кои се полнат во смартфонот или таблетот, го блокираат уредот и бараат откуп.

Android 7.0 Nougat применува различни тактики против изнудвачите. На пример, за да се промеи графичкиот клуч или лозинка, корисникот треба да влезе во подесувањата, да ја стави старата лозинка или графички клуч и потоа да ги постави новите подесувања. Претходно напаѓачот може лесно да ја менуваат лозинката.