Андроид ги предупреди корисниците за синоќешниот земјотрес во БиХ, неколку секунди пред да се случи

од Vladimir Zorba

Синоќа, неколку секунди пред да го почувствуваат земјотресот, голем број граѓани на Босна и Херцеговина добиле известување од системот за предупредување на Андроид дека е можен земјотрес и упатства што да се прави во таа ситуација, пренесе Klix.ba.

Синоќа неколку земјотреси ја погодија Босна и Херцеговина, а најлоша е состојбата во Столац каде е забележана јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала.

Андроид го лансираше овој систем за предупредување за земјотреси пред неколку години, а вакво известување досега не е забележано во регионов.

Во секој случај, слободно може да се каже дека функционира, бидејќи корисниците на Андроид уредите кои биле известени десетина секунди пред земјотресот, добиле брза и јасна порака што да прават во таа ситуација.

Едно од првите упатства е да ги облечете чевлите, „пред да одите каде било, дури и во соседната соба“, да го проверите гасот и да го затворите главниот вентил доколку имате и, се разбира, да избегнете оштетени згради.

Во вториот дел од известувањето се наведува дека се работи за земјотрес и проценетата јачина со локација на можен епицентар.

Слични содржини