Android P може да понуди повеќе опции за блокирање на повици

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Според последните измени во изворниот код на Android P во AOSP, оперативниот систем може да се здобие со напредни можности за блокирање на несакани дојдовни повици. Во апликацијата за телефонија е додадена функционалност која ви овозможува да блокирате автоматски повици од непознати броеви, скриени броеви или произволни броеви кои не се во вашата листа со контакти.

Во актуелното издание на Android, блокирањето е можно само за одреден број, што пак значи дека можете да вметнувате нешто во „црната листа“ само откако веќе сте биле барани од дадениот претплатник. Со новите опции, можноста за ограничување на несаканите повици станува значително поширока.

Од кодот станува јасно дека блокирањето се отстранува автоматски ако бирате број за итна помош како 112. Тоа е направено со цел да биде можна обратна врска со вас во случај на потреба. Во овој случај исто така ќе добиете известување кое ќе ве информира за отстранувањето на блокирањето.

Исто така е интересно да се забележи дека операторите ќе можат да ја дозволат или спречат употреба на новата функционалност. Секако треба да се има предвид дека Android P се уште е во фаза на првичен развој и појавата на одредени функционалности во кодот не значи дека тие ќе бидат присутни во овој вид и во финалната верзија, која најверојатно ќе се појави во текот на летото.

Според Еван Блас, првата јавна тест верзија на Android P се очекува кон средината на овој месец.

Слични содржини