Android P нема да дозволи апликациите да ја користат камерата без дозвола

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Google е сериозно посветен на елиминирање на способноста за користење на микрофонот и камерата на вашиот паметен телефон за да ве шпионира.

Неодамнешните промени на кодот на Android P јасно покажуваат дека оперативниот систем веќе ги одвраќа обидите на сите неактивни апликации да ја користат камерата и микрофонот. Ако таква апликација се обидува да пристапи до камерата, Android автоматски ќе го стопира и ви дава предупредувања за слично дејствување.

Со микрофонот ситуацијата е поинаква. Системот генерално дозволува апликацијата да прави записи, но тие ќе бидат празни освен ако апликацијата не е активна. На овој начин, малициозниот софтвер ќе биде сопрен, но во исто време, нормалните апликации за чат ќе продолжат да работат.

Слични содржини