Заедно со првата тест верзија на Android P, Google објави неколку интересни работи околу оперативниот систем и уреди кои нема да бидат поддржани од него. Беше јасно дека петте верзии за претходно издавање ќе бидат објавени пред да биде објавен конечниот преглед во третиот квартал. По сегашната прва верзија, планирана е бета за мај, а потоа во јуни ќе има втора бета која ќе ги вклучува финалните верзии на API-ата и официјалниот SDK. Во јули беше пуштено Release Candidate издание, по што следеше второ издание во август. Циклусот ќе биде затворен кон крајот на летото со конечното објавување на Android P.
Од објавената прва тест верзија на Android P се разбира дека Google прекинале со главната поддршка на смартфоните од серијата Nexus, како и на таблетот Pixel C. Nexus 5X, 6P и Pixel C не се вклучени во листата на поддржани уреди од пробната верзија на Android P, во која за сега фигурираат само Pixel и Pixel 2.
Тоа не е посебно изненадување, со оглед дека споменатите смартфони и Pixel C веќе навршија две години и ги добиле ветените две главни ажурирања на оперативниот систем. Тие ќе продолжат да добиваат безбедносни надградби во текот на следните 12 месеци, но нема да бидат надградени со Android P.